Чаир и Тетово се општините каде што се изречени најмногу казни од Пазарната инспекција за работата на угостителските објекти.

Директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски на денешната прес-конференција рече дека казните се однесуваат за непочитување на протоколите, работа по 22 часот, работа во внатрешниот дел на објектите и нерегистрирани објекти.
При контролите, Финансиската полиција, која може да ги легитимира гостите, досега поднела 11 кривични пријави до обвинителството и до судовите. Исто така, констатирани се 24 угостителски објекти кои работеле „на диво“, односно како нерегистрирани даночни обврзници. Се работи за објекти во Скопје, Тетово, Куманово и Штип каде што се вршат вакви заеднички контроли.
