Пообилни врнежи ќе има утре кога истите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб повремен дожд, а на планините и повисоките места ќе има слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест степени, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени“,
велат од УХМР.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд.
„Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени“,
пишува во соопштението од Управата.
И во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините снег.
Пообилни врнежи ќе има утре кога истите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
