Од партијата велат дека вчерашното излагање на Мицкоски во Собранието е јасен сигнал за притисок врз обвинителите и додаваат дека ако се има предвид кој го смени обивнителот и кој сака обвинител под своја контрола сѐ е јасно

Од опозициската СДСМ упатуваат критики до премиерот Христијан Мицкоски обвинувајќи го за директно влијание врз работата на Обвинителството.
Од партијата велат дека вчерашното излагање на Мицкоски во Собранието е јасен сигнал за притисок врз обвинителите и додаваат дека ако се има предвид кој го смени обивнителот и кој сака обвинител под своја контрола сѐ е јасно.
„Имаме чувство дека Мицкоски ги поставува обвинителите и јавно им дели задачи. Со промена на обвинителот и планираниот избор на обвинител под своја контрола, власта го погреба правосудниот систем за да се спаси од одговорност за криминалните тендери, но и да им дели задачи што и како да работат“,
се вели во партиското соопштение.
Според СДСМ, ова е дел од планираното сценарио во рамки на црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ која се обидува да изврши линч врз лидерот на опозицијата, Венко Филипче преку измислен рекет.
„За ниту една бомба, за ниту еден скандал што го објави СДСМ за криминалните тендери на ВМРО-ЗНАМ нема реакција на Обвинителството“,
велат од СДСМ.
Оттаму потсетуваат на случаите кои изминатиот период ги објавуваа.
„Не допира гласот до Обинителството за 161 тендер за една фирма на другарот на Мицкоски, за 51 тендер преку општините само за една фирма блиска до ВМРО, не допира гласот за скандалот со 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милиони евра во Пошта за фирмата блиска до ЗНАМ“,
додаваат од СДСМ.
Од опозицијата додаваат дека за овие случаи нема реакции од институциите во државата и затоа не се случуваат најавуваните реформи во правосудството, туку целосна контрола во канџите на ВМРО-ДПМНЕ.
