„Дел од одроните се исчистени, а преостанатите ќе бидат отстранети во текот на утрешниот ден“, велат од „Македонија пат“
Поради поголеми одрони, сообраќајот на регионалниот пат Берово – Струмица вечерва се одвива по една коловозна лента, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Претходно оваа сообраќајна делница беше целосно блокирана поради поголеми наноси од одрони.

Екипи на „Македонија пат“ се на терен и работат на расчистување на одроните.
„Во моментов сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Дел од одроните се исчистени, а преостанатите ќе бидат отстранети во текот на утрешниот ден“,
се вели во соопштението од претпријатието.
Се апелира до возачите да управуваат внимателно со возилата и да ја приспособуваат брзината според условите на патот, како и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
