„Кувајтската воздушна одбрана во моментов се соочува со непријателски ракетни и беспилотни напади како резултат на злобната агресија на Иран“, напиша кувајтската војска на Икс

Кувајт утрово бил цел на ирански ракетен и беспилотен напад, по неколку воздушни напади на американската и иранската војска во последните денови.
„Кувајтската воздушна одбрана во моментов се соочува со непријателски ракетни и беспилотни напади како резултат на злобната агресија на Иран“,
напиша кувајтската војска на Икс.
Kuwait Army | September 3, 2026. Kuwaiti Air Defense systems are actively engaged in intercepting incoming hostile missile and drone attacks, with the General Staff of the Kuwaiti Armed Forces issuing an official statement confirming that audible explosions across the area are… pic.twitter.com/TBPW93q7Dh
— Hexagone Intel (@osinthexagone) September 3, 2026
Според објавата на Генералштабот, сите слушнати експлозии се резултат на пресретнување на непријателски цели од страна на системите за воздушна одбрана.
More sirens and air defense activity over Kuwait. pic.twitter.com/9cFTjOO0Fb
— Hexagone Intel (@osinthexagone) September 3, 2026
Вчера, Иранската револуционерна гарда нападна неколку бази на Блискиот Исток што ги користи американската војска, вклучувајќи една во Кувајт. Иранските сили одговорија на втората ноќ од американското бомбардирање насочено кон Исламската Република за три дена. Според иранските власти, 19 лица биле убиени во нападите во вторник вечерта во Иран, вклучувајќи и четворица на свадба.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ги осуди нападите како „воено злосторство“, жалејќи се што „свадбена церемонија беше брутално бомбардирана како дел од очајничкиот обид на САД да го прикријат својот неуспех“.
Иран ги предупреди САД дека сега може да очекува „нова стратегија“ насочена кон „уништување на темелите“ на непријателот, без да прецизира што би подразбирала таа стратегија.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, вчера, го предупреди Техеран дека САД остануваат подготвени да го нападнат Иран „во секое време“.
