Трамп во последните недели постојано ја покренуваше можноста за испраќање дополнителни воени сили во Иран, по насилното задушување на протестите во земјата. САД веќе испратија значајни поморски сили, вклучувајќи го носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и придружните бродови, во регионот на Блискиот Исток, што беше една од темите за лидерство и одвраќање што ги истакна Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, на социјалната мрежа Трут сошал објави дека огромна армада од американски воени бродови е на пат кон Иран, со порака дека Техеран мора брзо да седне на масата за преговори и да преговара за фер договор без нуклеарно оружје.
„Огромна армада плови кон Иран. Се движи брзо, со голема моќ, ентузијазам и цел. Тоа е поголема флота, предводена од големиот носач на авиони ‘Абрахам Линколн’, од онаа испратена во Венецуела. Како и со Венецуела, таа е подготвена, спремна и способна брзо да ја заврши својата мисија, со брзина и насилство, доколку е потребно“,
објави Трамп.
🚨 JUST IN: 🇺🇸🇮🇷
— WAR (@warsurveillance) January 28, 2026
The U.S. military buildup near Iran is now larger than the armada previously assembled off the coast of Venezuela. pic.twitter.com/nLRVUDtmDU
„Се надевам дека Иран брзо ќе ‘седне на маса’ и ќе преговара за фер и праведен договор – БЕЗ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ – договор што е добар за сите страни. Времето истекува, тоа е навистина критично! Како што еднаш му реков на Иран, ПОДГОТВЕТЕ ДОГОВОР! Тие не го направија тоа, а имаше и ‘Операција полноќен чекан’, големото уништување на Иран. Следниот напад ќе биде многу полош! Не дозволувајте ова да се случи повторно. Ви благодарам за вниманието по ова прашање!“,
додава Трамп во објавата.

Американскиот претседател ја објави оваа порака неколку часа откако во говорот во државата Ајова објави дека уште една прекрасна армада е на пат кон Иран, но не прецизираше за кои сили точно станува збор.
Трамп во последните недели постојано ја покренуваше можноста за испраќање дополнителни воени сили во Иран, по насилното задушување на протестите во земјата. САД веќе испратија значајни поморски сили, вклучувајќи го носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и придружните бродови, во регионот на Блискиот Исток, што беше една од темите за лидерство и одвраќање што ги истакна Трамп.
Администрацијата, исто така, најави повеќедневна вежба на воздухопловните сили на Централната команда на САД (CENTCOM) на Блискиот Исток, што е дел од пошироката посветеност на американските воени ресурси и подготвеност за потенцијална ескалација.
Трамп претходно изјави дека се надева на дипломатско решение со Иран, нагласувајќи ја важноста на креативните преговори меѓу страните пред да истече времето.
