Посебен сообраќаен режим ќе има во околината на зградата на ССМ, Собранието, Стопанската комора и Владата

Денеска со почеток од 17 часот во централното градско подрачје ќе има посебен сообраќаен режим поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Сообраќајот во овие делови од градот ќе биде пренасочуван.
Протестот почнува од пред Работничкиот дом на улицата „Мирче Ацев“, а потоа ќе продолжи по улицата „Филип Втори Македонски“ до пред зградата на Собранието на улицата „11 Октомври“. Оттука, според најавите, движењето ќе оди по улицата „Димитрие Чуповски“ до зградата на Стопанската комора, а потоа по улицата „Васил Главинов“ и по булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ до пред Владата.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници на терен.
