Oд Управата јавуваат дека има нестабилно време и во Кочани, Кичево, Свети Николе, западно од Демир Хисар и Македонски Брод. Вечерва дожд и грмежи, проследени со засилен ветер, зафатија и делови од скопската котлина
Претходно од УХМР информираа дека нестабилно било и западно од Крушево и во Битола, а пороен дожд, грмежи и засилен ветер ја зафатиле и околината на Струмица и подрачјата јужно од Берово
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево зафати повеќе делови од земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според последните информации оттаму, големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град го погодило Кавадарци, а нестабилната воздушна маса се движи кон Неготино.
Засега нема информации за предизвикани штети.
Oд Управата јавуваат дека има нестабилно време и во Кочани, Кичево, Свети Николе, западно од Демир Хисар и Македонски Брод.
Вечерва дожд и грмежи зафатија и делови од скопската котлина, но засега не се со голем интензитет.
Претходно од УХМР информираа дека нестабилно било и западно од Крушево и во Битола, а пороен дожд, грмежи и засилен ветер ја зафатиле и околината на Струмица и подрачјата јужно од Берово.
Од Управата за хидрометеоролошки работи претходно најавија дека во попладневните часови денеска наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и појава на град.
Според метеоролозите слична временска состојба нè очекува и утре. Претпладне ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови во делови од земјата повторно се очекува да има појава на нестабилност. Сепак, нестабилното време нема да донесе и пад на температурата, која утре се очекува да достигне до 35 Целзиусови степени.
