Њујоршкиот градоначалник Зохран Мамдани изјави дека во бурата во Њујорк, каде што температурите достигнале најниско ниво во последните осум години, досега вкупно десет лица се пронајдени мртви на отворен простор, но, како што рече, засега не е јасно дали станува збор за бездомници
Најмалку 40 лица досега ги загубија животите во зимската бура што го погоди поголемиот дел од Соединетите Американски Држави. Според извештаите, смртните случаи се регистрирани во повеќе од десетина држави.
Меѓу загинатите има лица кои се прегазени од снегочистачи во Масачусетс и Охајо, тинејџери од Арканзас и Тексас чие санкање завршило фатално, како и лица пронајдени затрупани од снег.

Њујоршкиот градоначалник Зохран Мамдани изјави дека во бурата во Њујорк, каде што температурите достигнале најниско ниво во последните осум години, досега вкупно десет лица се пронајдени мртви на отворен простор, но, како што рече, засега не е јасно дали станува збор за бездомници.
„Сè уште е прерано да се сподели поширока дијагноза или причината за смрт“,
изјави Мамдани.
Со студениот бран се зафатени околу две третини од САД. Централниот, јужниот и североисточниот дел од земјата се најтешко погодени. Бурата почна да се развива минатиот петок, носејќи големи снежни наноси од Арктикот и температури длабоко под нулата низ голем регион во текот на викендот.
Обилните врнежи од снег кои се протегаат од Арканзас до Нова Англија, а кои наместа достигнаа висина од 30 цантиметри, предизвикаа прекин во сообраќајот, затворање на училиштата, а беа откажани и голем број летови. До вторникот биле регистрирани повеќе од 550 000 прекини на електрична енергија.
