Веднаш по пријавата екипи на СВР Штип излегле на терен за да го регулираат сообраќајот на улицата која води кон главниот влез на болницата

Свлечиште на земја предизвика уривање на дел од потпорниот ѕид на Клиничката болница во Штип, при што земјата и оградата завршиле врз два автомобила паркирани на улицата „Љубен Иванов“.
Инцидентот се случил утринава додека сопствениците на возилата оделе на лекарски прегледи.
Во несреќата се оштетени две возила со скопски и со велешки регистарски ознаки. Веднаш по пријавата екипи на СВР Штип излегле на терен за да го регулираат сообраќајот на улицата која води кон главниот влез на болницата.
ЈП „Стипион“ со механизација го исчистиле просторот од одроните и овозможена е нормализација на движењето.
