Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Владата не е загрижена за состојбата со коронавирусот, додека трицифрената бројка на новозаболени секојдневно не се намалува.
„Заев и Филипче не ги загрижува ниту вчерашната бројка од 193 новозаболени лица од ковид-19. Поважно им е да си прослават годишнина од преспанскиот договор.
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Коронавирусот во Република Македонија сѐ повеќе зема замав. Заев и Филипче ја симнаа Македонија во друштво на земјите од третиот свет“,
Тие велат дека не може нормалност да биде бројот на заболени од 4 482, од кои активни случаи на ковид-19 се 2 469.
„Додека Филипче говори дека ситуацијата со ковид-19 е нормална, огромен број медицински кадар e ставен во изолација. Владата на Зоран Заев го урна здравствениот систем на Република Македонија. Освен здравствениот систем, и македонската економија се наоѓа на колена. Наместо да им се помогне на илјадниците фирми коишто се на работ на егзистенција, фирмите на Заев во време на пандемија ги дуплираат своите добивки“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
