Фудбалската ѕвезда на Интер, Марсело Брозовиќ, донираше 3 000 евра, колку што и беа потребни, на девојка од Скопје за да ги покрие трошоците за операција на колкот.

26-годишната девојка преку нејзиниот профил на Фејсбук се обрати за помош раскажувајќи го нејзиниот проблем дека по првата операција во Белград сега повторно проблем и се чувствува полошо од кога било. Фејсбук-страницата Inter Tifosi Balkan го сподели постот и апелираше кој може да помогне. По околу еден час, од истата страница објавија дека Брозовиќ ги донирал потребните пари.
„Денес, еден од најголемите пријатели на девојката е Марсело Брозовиќ. По околу еден час од нашата објава во која ги молиме сите да ѝ помогнат, Марсело Брозовиќ ни се јави приватно и нè информираше дека уплатил 3 000 евра. Не знаеме како ова да го опишеме, нè преплавија емоциите, останавме без текст. Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет“,
објавија администраторите на Фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.
