Надлежните апелираат до возачите за совесно управување со возилата, задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и навремено информирање преку официјалните информативни центри за состојбата на патиштата
Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Попова Шапка – село Лисец е намалена до 30 метри, поради што од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачуваат зголемена внимателност при управувањето со возилата.

Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта во земјата се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни и безбедни за сообраќај.
И покрај непреченото одвивање на сообраќајот, поради врнежите од снег на одделни места, АМСМ препорачува внимателно возење и приспособување на брзината според условите на патот.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани, со потребната механизација и работна сила, и континуирано се на терен со цел навремено расчистување на снегот. Во координација со Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт се спроведуваат активности за обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Надлежните апелираат до возачите за совесно управување со возилата, задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и навремено информирање преку официјалните информативни центри за состојбата на патиштата.
