Марихуаната била спакувана во вакуумирани најлонски кеси ставени во куфер во багажникот
Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истрага против жител на Куманово откако во автомобилот што го управувал на улиците во главниот град полицијата пронашла пет килограми марихуана.

Како што соопштија денеска од Јавното обвинителството на Република Северна Македонија, марихуаната била спакувана во вакуумирани најлонски кеси ставени во куфер во багажникот.
Според Обвинителството, кумановецот се товари за кривичното дело неовластено производство и пушштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик (КЗ).
Оттаму додаваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
