За негово носење е потребен политички консензус од сите партии

Министерот за правда Игор Филков, одговарајќи на новинарско прашање за Изборниот законик, рече дека до Министерството за правда сè уште не се пристигнати номинации за формирање работна група.
„Испратени се 2 дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година, а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните партии и независните пратеници, по што ќе формираме работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборниот законик“,
потенцира министерот.
Изборниот законик, нагласи Филков, е законско решение кое од моментот на неговото донесување заклучно со овие избори има претрпено околу 40-ина измени, кои поради нивниот парцијален пристап создаваат неконзистентност на целиот закон.
За негово носење е потребен политички консензус од сите партии.
