Полицијата соопшти дека случајот се истражува како обид за убиство, а не како тероризам, и дека се прегледуваат снимки од безбедносните камери за да се осигури дека нема други осомничени кои избегале

Шест лица се повредени, од кои две се во критична состојба, во напад со нож што се случил синоќа за време на протест во белгискиот град Антверпен. Полицијата потврдила дека инцидентот се случил во близина на плоштадот на операта, пишува Гардијан.
Портпаролот на полицијата, Ваутер Бруинс, вели дека се уапсени двајца осомничени и дека, според првичните информации, се верува дека биле вклучени во протестите. Полицијата соопшти дека случајот се истражува како обид за убиство, а не како тероризам, и дека се прегледуваат снимки од безбедносните камери за да се осигури дека нема други осомничени кои избегале.
Според локалните извештаи, четворица од избодените лица биле на самиот плоштад, додека двајца се пронајдени во близина.
#BREAKING: Mulitple Kurdish protesters stabbed in the Belgian city of Antwerp this evening as a knifeman attacked the crowd.
— Tommy Robinson 🇬🇧 (@TRobinsonNewEra) January 22, 2026
Early reports of 7 injured, 2 with life-threatening injuries. pic.twitter.com/quQnaDfHQ8
На местото на настанот пристигнале екипи на судска медицина, а полицијата ја повика јавноста да ја избегнува областа.
Според весникот „Хет Лаатсте Ниус“, протестот, првично бил мирен, демонстрантите носеле знамиња на Курдската работничка партија и национални знамиња во знак на поддршка на Курдите во Северна Сирија.
„Демонстрациите, со двесте до триста луѓе, првично беа мирни. Но, како што демонстрациите се приближуваа кон крајот, работите излегоа од контрола и имаше жртви“,
рече Бруинс.
Во тоа време, додава Бруинс, околу 50 луѓе сè уште учествуваа во демонстрациите.
„Полицијата веќе беше присутна за да се осигура дека сè ќе помине непречено. Присутните полицајци можеа да пружат прва помош додека неколку медицински екипи пристигнаа на местото на настанот“,
додава тој.
Портпаролот на „Навбел“, група што ја претставува курдската дијаспора во Белгија, Орхан Килич, вели дека група мажи се протнале на демонстрациите извадиле ножеви и почнале неселективно да ги бодат луѓето.
Според „Навбел“, инцидентите претставуваат мотивиран напад врз заедницата.
