Јавно ќе се објавуваат имињата на оние лица на кои од различни причини не може да им се поделат решенијата за изолација, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој уште еднаш посочи дека многу често се соочуваат со отпор, односно не соработуваат со инспекторите и со епидемиолозите или даваат грешни податоци.
„Членот во законот се вика објавување со јавен оглас само на лицата кои од икс причини не им е врачено решението, дале грешни податоци, не може да стигнат инспекторите до нив, прават отпор или не соработуваат. За сите други се делат решенијата така како што е вообичаената постапка и тоа е нешто на што сега интензивно работиме. Се координира работата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на службата Мој термин, епидемиолошките служби и ќе имаме дефинитивна одлука, односно форма до крајот на оваа недела“,
посочи Филипче.
