Предлог-законот со кој се предвидува забрана за употреба на цијанид, сулфурна киселина и други опасни супстанции во рударството, подготвен од 10 пратеници на владејачкото мнозинство во парламентот, уште повеќе ги нагласи разликите меѓу засегнатите страни.
Предлагачите велат дека целта е да се заштитат граѓаните и животната средина од наплив на нови рудници, со оглед на доделените 80-тина концесии за детални геолошки истражувања што е фаза пред отворање рудник.
Од постоечките рудници, пак, стравуваат дека носењето на законот ќе донесе нивно затворање и отпуштање на околу 13 илјади вработени во секторот.
Ваква забрана не постои на ниво на Европската унија, а самоиницијативно ја вовеле три земји-членки. Која е вистината за цијанидот?
Напишете коментар