Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска се очекуваат слаби локални врнежи од дожд на пониските места, додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег. По одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат во интервал од -2 до 2 степени за минималните, додека дневниот максимум ќе достигне од 2 до 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Од УХМР најавуваат дека и во текот на викендот ќе се задржат врнежите од дожд и снег. Во понеделник и вторник се очекува преодно стабилизирање на времето, но од среда следува нов влажен бран со врнежи претежно од снег и тенденција на опаѓање на температурите.
