Со проектот, како што вели градоначалникот, е предвидена целосна обнова на фонтаната и уредување на плоштадот околу неа. Ќе биде поставена и нова урбана опрема и современо осветлување
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека е започната целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк, за која вели дека целосно била запуштена.

Со проектот, како што вели Ѓорѓиевски, предвидена е целосна обнова на фонтаната и уредување на плоштадот околу неа. Во рамки на реконструкцијата ќе биде поставена и нова урбана опрема и современо осветлување.
„Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува“,
вели Ѓорѓиевски.
