Патниците кои пристигнуваат во Велика Британија, влегувајќи во пропишаниот карантин, можеле да изберат дека доаѓаат од земји кои веќе не постојат, како СССР, Југославија или Источна Германија, јавува Скај Њуз.
Британскиот Хоум офис призна дека се користела листа на земји кои повеќе не постојат, и сите кои влегувале на територијата на земјата требало да ја пополнат онлајн формата во рок од 48 часа.
Сега, грешката е исправена, но сè уште на листата ги има овие земји, бидејќи надлежните оставаат простор дека можеби некои од патниците се родиле во тие земји и им препорачаа сепак да го пополнат формуларот.
So, according to the https://t.co/YVUIluUtzK website, the USSR, Yugoslavia, Czechoslovakia and the German Democratic Republic still exist. These are screenshots from the online arrivals declaration form. #quarantine pic.twitter.com/4Gh3Xkv1gg
— Anya Oram (@tanta1ise) June 15, 2020
Дел од земјите не постојат со децении како на пример Југославија која се распадна во раните деведесетти години, Јужна Родезија во Јужна Африка или холандските Антили.
Ова предизвикало и прашања за подготвеноста на системот и обезбедувањето на оние патници кои треба да бидат со самоизолација на две недели.
За ваквата грешка дел од патниците кои влегле на територијата на Британија искуството го споделиле на Твитер.
„Дали Велика Британија овозможува патување со временска машина?“,
напиша еден од Твитер корисниците.
Одлуката за задолжителен карантин за сите кои влегуваат во Велика Британија беше донесена пред една недела. Секој што доаѓа од странство, вклучително и британските државјани, ќе мора да биде во изолација 14 дена и ќе мора да наведат каде ќе бидат за тој временски период.