Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил напиша дека изборите ќе бидат спас на државата.
„Ни треба активно Собрание – домот на демократијата, домот на народните претставници мора да биде активен. Ни треба целосно функционална политичка влада“,
смета Спасовски.
Тој посочува дека 15 јули е ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме.
„Петнаесетти јули е ден на кој граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција. На 15 јули ќе победат политиките на СДСМ“,
нагласува Спасовски.
