Локалните власти во Пекинг им препорачаа на жителите да ги избегнуваат патувањата надвор од градот додека во населби кои се погодени од коронавирусот целосно е забрането движењето.
„Секоја личност која навистина мора да го напушти градот, ќе мора да има потврда дека нема коронавирус, а тестот не смее да биде постар од седум дена“,
соопштија локалните власти.
Во Пекинг повторно се затвораат сите училишта и универзитети, откако повторно се појавија случаи на ковид-19 во главниот град.
Портпаролот на локалната самоуправа, Су Хеџијан рече дека состојбата со ковид-19 во Пекинг е сериозна и така треба да ја разберат и жителите.
Тој вели дека Пекинг е во трка со времето проти коронавирусот и оти како локална самоуправа мора да бидат чекор напред во преземањето на најстрогите мерки.
Пекинг, кој има 21 милиони жители, го зголеми и дневниот скрининг на 90 илјади лица. Во Кина денеска се потврдени 40 нови случаи на коронавирус, од нив 27 во Пекинг, соопштија здравствените власти.
Во Пекинг повторно се воведуваат строги мерки со цел да се спречи новиот бран на епидемија, кој започна на пазарот Ксинфади. Владите во многу кинески покраини воведоа карантин за посетителите од Пекинг.