Според информациите на Министерството за здравство во Кичево регистрирани се уште два случаи на коронавирус во денешниот билтен.
Како што велат од Кризниот штаб на општина Кичево, се работи за 58-годишен маж и 53-годишна жена.
И двајцата се наоѓаат во добра здравствена состојба и се стабилни.
Во моментов, во Кичево има вкупно три активни случаи.
