На улиците на Техеран, каде што е на сила прекин на интернетот повеќе од 24 часа, се одржуваат протести и покрај заканувачките СМС-предупредувања до граѓаните да не учествуваат

Иранскиот амбасадор во Обединетите Нации, Амир Саид Иравани, во официјално писмо до Советот за безбедност ги обвини САД за „трансформирањето на мирните протести во насилство, субверзија и широко распространет вандализам“ во Иран.
„Иран го осудува „континуираното, нелегално и неодговорно однесување на САД во координација со израелскиот режим во мешањето во внатрешните работи на Иран преку закани, поттикнување и намерно промовирање на нестабилност и насилство“,
напиша Саид Иравани.
Тој го обвини Вашингтон за дестабилизација која ја поткопува основачката повелба на ОН, а со тоа, вели тој, ги кршат основните принципи на меѓународното право и ги загрозуваат темелите на меѓународниот мир и безбедност.
На улиците на Техеран, каде што е на сила прекин на интернетот повеќе од 24 часа, се одржуваат протести и покрај заканувачките СМС-предупредувања до граѓаните да не учествуваат, јави Би-Би-Си.
Според американската информативна агенција „Активисти за човекови права“ има најмалку 62 загинати во анти-владините протести.
Според агенцијата, за време на протестите биле уапсени најмалку 2.300 лица.
