Десетина помали партии, вклучително со парламентарните СПМ, ДПС и ГРОМ, во март годинава, пред доставувањето на кандидатските листи во ДИК, потпишаа договор за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика коалициските партнери за овие избори на состанок попладнево во партиската централа.
Средбата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ се одржува откако Мицкоски предложи да се продолжи вонредната состојба за изборите да се одржат во средината на јули, по што беше постигнат и договор со Заев главното гласање да биде на 15 следниот месец (во среда).
Десетина помали партии, вклучително со парламентарните СПМ, ДПС и ГРОМ, во март годинава, пред доставувањето на кандидатските листи за пратеници во ДИК, потпишаа договор за коалицирање со опозициската ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е една од вкупно четирите што ќе учествуваат на изборите на 15 јули, покрај уште 11 партии, кои се одлучија за самостоен настап.
