Експлозијата се случила во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, во кантонот Вале за време на новоогдишната прослава околу 1:30 часот по локално време во барот „Констелејшн“, кој е многу популарен кај туристите

Во експлозија во бар во скијачки центар загинале најмалку 10 лица, а уште 10 се повредени, информира швајцарската полиција, пренесе Скај њуз.
Полицијата, исто така, потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад.
Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има многу повредени и многу мртви.
„Имаше експлозија од непознато потекло“,
изјави портпаролот на кантоналната полиција Галтан Латион.
Експлозијата се случила во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, во кантонот Вале за време на новоогдишната прослава околу 1:30 часот по локално време во барот „Констелејшн“, кој е многу популарен кај туристите.
🇨🇭🔥🎉 ALERTE INFO – Une explosion a déclenché un incendie dans un bar de Crans-Montana (VS) lors des festivités du Nouvel An, faisant plusieurs morts et blessés graves. (Blick) pic.twitter.com/GKiGZfTETs
— SuisseAlert (@SuisseAlert) January 1, 2026
Сликите објавени во швајцарските медиуми покажуваат зграда во пламен и служби за спасување во близина.
„Операцијата е сè уште во тек“,
нагласи портпаролот.
Според извештаите, повеќе од 100 луѓе биле во барот и салонот „Ле Констелејшн“ кога избувнал пожарот.
Се наведува дека барот имал капацитет за повеќе од 300 луѓе, но точниот број на луѓе што биле во зградата во тој момент сè уште не е потврден.
