Од МВР велат дека сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и оти се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот
Цистерна се преврте во ендек покрај патот Струга – Граничен премин „Ќафасан“, поради што сообраќајот на оваа делница во моментов е во целосен прекин, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР) – Сектор за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Од фотографијата што ја објави МВР од несреќата, се гледа дека цистерната е сериозно оштетена, но не се забележува некакво истекување од неа.
Засега нема информации и за состојбата на возачот, односно дали има повредени лица.
Од МВР велат дека сите надлежни служби се излезени на местото на настанот.
„Се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја известиме јавноста“,
велат од МВР.
