Во продолжение ви ги претставуваме десетте најчитани вести од земјава објавени на нашиот портал во 2025 година

Во целата 2025 година на вести, брзо и проверено информирање, се трудевме да ви ги овозможиме најважните домашни и светски наслови. Посветено, секој ден, екипата на „360 степени“ се трудеше да ги задоволи интересите на своите верни читатели и следбеници на социјалните мрежи за актуелните случувања. Отворивме многу чувствителни теми дома, како политички така и социјални.
Во продолжение ви ги претставуваме десетте најчитани вести објавени на нашиот портал во 2025 година.
Среќна Нова 2026 година! Со искрени желби за многу здравје и успех и во новата година…
10 најчитани вести на „360 степени“ за 2025 година:
Мицкоски објави фотографија од семејната бадникова вечера, паричката се паднала кај синот Антониј

На фотографијата што премиерот ја направил со мобилен телефон може да се видат неговите родители, сопругата и двете деца. Во придружниот текстот на фотографијата објавена на неговиот фејсбук-профил, Мицкоски пишува дека годинава паричката од бадниковата погача се паднала кај неговиот син Антониј.

Припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и хеликоптерската единица при МВР во координирана акција со полициското одделение Маврово и неколку други институции, од водите на езерото успешно ги извлекоа Х. Б.(24) и И. Р.(23), двајцата од Скопје, во контактибилна состојба, по што биле пренесени во Ургентниот центар во Гостивар за преглед, соопшти МВР за спасувачката акција во Мавровското Езеро.

Основното јавното обвинителство Скопје го добило од Бугарија одговорот што преку меѓународна правна помош го бараше во врска со предистражната постапка што ја води за ТОЕФЛ-сертификтот на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави кривична одговорност за полицискиот службеник поради кого братот на градоначаланикот на општина Гази Баба не бил казнет поради возење над дозволената брзина, а санкцијата му била изречена на лице кое немало врска со настанот.

„360 степени“ на социјалните мрежи ги најде летоците од три маркети, каде што може да се видат некои од основните прехранбени производи и цената по која се продавале во текот на 2022 година. За споредба бевме сега во истите три маркети и ги евидентиравме цените на производите по кои се продаваат сега.
Дали ноќниот клуб кој го посетувате има лиценца – еве го списокот

Додека трае и истрагата и дебатата во јавноста, како е можно кабарето „Пулс“ во Кочани да работело без лиценца и никој да не знае за тоа сè додека во него не загинаа 59 лица, Министерството за економија излезе со ажуриран податок – колку објекти низ државата, всушност, имаат важечка лиценца за кабаре, ноќен клуб или дискотека.
(ВИДЕО) Пазаревме во Бугарија, Грција, Србија и Косово – најевтино поминавме во Македонија
Во сите држави пазаравме во супермаркети чија стратегија е да настапуваат со ниски цени. Во предвид ги земавме редовните, а не акциските понуди. Во сите држави купивме неколку основни производи и неколку меѓународно познати брендови. Секаде каде беше можно, гледавме да купуваме и пакувања со иста количина.

Од европските држави во земјава се доселиле вкупно 2 953 лица, додека се иселиле 2 127 граѓани. Најмногу доселени имаме од Турција – 2 083, потоа следи Косово – 177, Србија – 121 и Германија – 99 лица. Од земјава најмногу во Европа лани заминале во Германија – 749, Турција – 284, Швајцарија – 237, Италија – 136 и Словенија – 124 граѓани
