Трајчевски е на функцијата директор на ААВМУ од 2014 година

Зоран Трајчевски ќе продолжи да раководи со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и во наредните пет години. Оваа одлука е донесена денеска на седница на Советот на Агенцијата, каде Трајчевски ја доби довербата за нов мандат.
Трајчевски е на функцијата директор на ААВМУ од 2014 година, кога беше избран на 12-тата седница на тогашниот Совет.
Трајчевски пред да биде директор на ААВМУ, бил на чело на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
