Украинскиот претседател во вторникот ја откри најновата верзија на американскиот план за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, за кој Вашингтон и Киев преговараат со недели
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како дел од напорите за ставање крај на руската инвазија.

„Се договоривме за состанок на највисоко ниво со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи може да се одлучат пред Нова година“,
објави Зеленски на социјалните мрежи.
Украинскиот претседател во вторникот ја откри најновата верзија на американскиот план за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, за кој Вашингтон и Киев преговараат со недели.
Планот повикува на замрзнување на фронтовските линии и не нуди решение за најспорното прашање за териториите окупирани од Русија, кои сочинуваат повеќе од 19 отсто од Украина.
Rustem Umerov reported on his latest contacts with the American side. We are not losing a single day. We have agreed on a meeting at the highest level – with President Trump in the near future. A lot can be decided before the New Year. Glory to Ukraine!
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 26, 2025
За разлика од оригиналната верзија на овој документ, која ја составија Американците, новата верзија ги изоставува двете главни барања на Москва: повлекување на украинските сили од деловите на Донбас кои се уште се под нивна контрола и законско ветување од страна на Киев дека нема да се приклучи на НАТО. Затоа, малку е веројатно дека Москва ќе се согласи со оваа нова верзија.
Запрашан за ова, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, завчера посочи дека Москва ја формулира својата позиција и одби да коментира за деталите.
Вчера, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, изјави дека напредокот кон завршување на војната е бавен, но стабилен.
