Диспечерско-информативниот центар на Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека слаб снег провејува на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Буково, Пресека и во Крушево, кој не се задржува на коловозите
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено, по влажни коловози, а поради појава на магла намалена видливост од 50 до 100 метри има на планинскиот премин Ѓавато и во Крушево, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Диспечерско-информативниот центар на Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека слаб снег провејува на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Буково, Пресека и во Крушево, кој не се задржува на коловозите.
Од надлежните служби препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.
