Според Управата за хидрометеоролошки работи, следи период на стабилно и студено време, со утрински температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата, а во деновите од викендот се очекува и појава на засилен ветер кој на одделни места ќе дува со брзина од над 60 километри на час
По облачното утро, со услови за слаби врнежи од дожд во крајните југозападни делови, денеска во текот на денот се очекува времето во земјава да биде променливо облачно со сончеви период, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој попладне долж Повардарието ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од три до 10 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува, а дневната температура во главниот град ќе се искачи до седум Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, следи период на стабилно и студено време, со утрински температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата. Во деновите од викендот, оттаму најавуваат дека ќе има појава на засилен до силен ветер кој на одделни места ќе дува со брзина од над 60 километри на час.
