Приведени се Н.Р. (41) и полициски службеник од полициската станица Бит Пазар – И.Р. (41), двајцата од Скопје. Биле фатени вчера наутро во 8:35 часот на наплатната станица Градско каде што бил извршен претрес во товарното возило „пежо боксер“ кое го управувале. На полициските службеници им кажале дека пиротехниката припаѓа на правно лице од Скопје
Две лица, од кои еден полициски службеник, се приведени откако при контрола на товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, со кое управувале, била пронајдена поголема количина пиротехнички средства за што не поседувале никаква документација.

Приведени се Н.Р. (41) и полициски службеник од полициската станица Бит Пазар – И.Р. (41), двајцата од Скопје. Со пиротехниката биле фатени вчера наутро во 8:35 часот на наплатната станица Градско. На полициските службеници кои го извршиле претресот им кажале дека пиротехниката припаѓа на правно лице од Скопје.
„Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот на правното лице пронајдено е уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено“,
информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека денеска со судска наредба е извршен претрес во магацинските простории на правното лице каде што биле пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства. По претресот, од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат преземени сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица по што против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
