Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на координативен состанок со раководството на компанијата напоменале дека е клучно во првите недели од јануари да продолжи редовното отчитување

По поплаките од граѓаните на почетокот на оваа година, операторот на електродистрибутивниот систем „Електродистрибуција“ во наредниот период ќе врши отчитување на броилата со цел потрошувачите да добиваат сметки со реална, а не прогнозирана потрошувачка.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на координативен состанок со раководството на компанијата напоменале дека е клучно во првите недели од јануари да продолжи редовното отчитување.
Од „Електродистрибуција“ информираат дека за претстојните празници се организирани во вонредни екипи кои и за време на празниците и викендите ќе вршат отчитување на броилата.
Оттаму изминатиот период велат дека процентот на отчитување на броилата е зголемен на 95 отсто на тримесечно ниво, односно 90 проценти на месечно ниво.
Од компанијата велат додаваат веќе започнала етапна телефонска комуникација со 10 000 потрошувачи кои во последните две години поднеле приговори или поплаки за фактурите, со цел директно да се решат нивните проблеми.
Од почетокот на овој месец, корисниците имаат пристап и до онлајн корекција на фактура што е опција за брза интервенција доколку има грешка во сметката. Исто така, од „Електродистрибуција“ велат дека вработените се мобилизирани да им помагаат на граѓаните во креирање кориснички профил.
Во дигиталните опции велат дека се достапни можностите за пријавување состојба, е-фактура, а секоја сметка содржи ознака „О“ (отчитано) или „М“ (проценета состојба), за потрошувачот да знае на што се заснова износот.
