Подетални информации за случајот од полицијата најавуваат во текот на денот

Во текот на изминатата ноќ во Струмица е пронајдено тело на почината жена во езерцето во Градскиот парк. Настанот бил пријавен во 1:45 часот, по што надлежните служби излегле на терен.
Информацијата за МИА ја потврдиле од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Струмица.
Според првичните информации, веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале јавен обвинител кој извршил увид и полициски службеници од СВР Струмица.
Телото на жената е предадено на обдукција во судска медицина.
Засега не се соопштуваат повеќе детали околу идентитетот на жената. Подетални информации за случајот од полицијата најавуваат во текот на денот.
