Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Умерен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини
Поради појава на магла е намалена видливоста до 50 метри на планинскиот премин Стража, информираат утрово од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Слаб снег, пак, провејува на Попова Шапка.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Умерен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини“,
велат од АМСМ.
Оттаму додаваат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што можат да се појават одрони.
