Од УХМР информираат дека утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа во источните делови ќе бидат пообилни. На планините, врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 сантиметри
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во источните делови од земјата врнежите ќе бидат пообилни (над 25 литри на квадратен метар за 24 часа).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени“,
соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.
„Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
Од УХМР информираат дека утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа во источните делови ќе бидат пообилни. На планините, врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 сантиметри.
Поради спуштање на постуден воздух од север врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.
Од петок ќе има стабилизирање на времето.
