Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донело одлука партијата да учествува на изборите на 15 јули.
Ова вечерва на прес-конференција го соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
„Во овој период се водев од две работи- заштита на здравјето на граѓаните и заштита на волјата на граѓаните. И двата услови се прифатени од Зоран Заев“,
рече Мицкоски.
На негов предлог било прифатено и како што рече ранливите категории граѓани да гласаат од дома, што досега не било пракса.
Додаде дека оваа одлука не била воопшто лесна, но имале како што рече две опции- редовни избори кога државата би продолжила да тоне и момент на одлука да го поразат раководството на како што рече Зоран Заев. Содвоцифрена разлика во пратеници
„Време е за промени и сега имаме обрска да го поразиме ова раководство на Зоран Заев и ова е тој момент на одлука“,
рече Мицкоски и најави победа со како што рече двоцифрена разлика во пратеници.
Рече дека очекува кампања во која сите партии ќе можат да ги покжат разликите, односно како што рече, да се види кој нуди стратегија за развој на државата, а кој не нуди ништо.
„Изминативе 3 години сме сведоци на Влада која ветуваше се’ но освен пораз, дебакл, капитуација, криминал и неправди не понуди ништо“,
рече Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање дали се залагаат за отворање на границите, Мицкоски рече дека границите треба да бидат отворени, за да можат сите што сакаат да го остварат своето право, но посочи дека одлуката сепак е на институциите врз основа на здравствените проценки, иако тој апелира тоа да биде направено.
