Од ТАВ Македонија посочија дека промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на веб-страницата во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што стигнуваат од авиокомпаниите

Поради намалена видливост предизвикана од магла, од 00:00 часот на полноќ до 20 часот вечерва откажани биле вкупно 20 летови (полетувања и слетувања), слетале и полетале 13 авиони, а два биле преносочени, информираше ТАВ Македонија.
Слетале авионите од: Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Хамбург, Берлин, Минхен (Меминген) и Цирих. Реализирани се летови за: Виена, Белград, Загреб, Брисел, Хамбург, Баден-Баден, Франкфурт, Берлин, Варшава, Базел, Барселона, а за Рим (Фјумичино) и Малме ќе полетаат.
– Бидејќи временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија. За патниците и јавноста повторуваме: сите капацитети на Меѓународниот Аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај. Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците,
велат од ТАВ Македонија.
Оттаму посочија дека промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на веб-страницата во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што стигнуваат од авиокомпаниите.
Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333.
