Партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец

Демократската унија за интеграција денеска во Скопје ќе го одржи својот петти конгрес. Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми, на прес-конференцијата по локалните избори најави дека на конгресот ќе се реорганизираат и ќе ги обноват структурите.
По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец, партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.
,,Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици”,
се вели во соопштението на ДУИ.
