Во соопштението за медиумите се наведува дека Бахамите и Косово очекуваат да изградат топло и продуктивно партнерство кое ќе им служи на интересите на двата народа и ќе придонесе за меѓународниот мир и соработка
Независноста на Косово оваа година ја признаа и Сирија, Судан и Кенија
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, објави денеска претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Таа го потпиша договорот во главниот град на Бахамите, Насау, со тамошниот премиер Филип Брејв Дејвис.

На социјалната мрежа Икс е објавена заедничката изјава на Косово и Бахамите, во која се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои ќе стапат во сила на денот на потпишувањето на Заедничкото соопштение за воспоставување дипломатски односи, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
Според договорот, Бахамите и Косово ја потврдија својата посветеност на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации, вклучувајќи го почитувањето на суверенитетот, еднаквоста на државите и мирното решавање на споровите. Тие, исто така, се согласија да ги развиваат своите односи врз основа на меѓусебно почитување, реципроцитет и конструктивен ангажман.
Двете земји ја изразија својата намера да ја продлабочат соработката во области од заеднички интерес, вклучувајќи политички консултации, трговија и инвестиции, туризам, образование и култура, технологија и иновации, соработка во јавниот сектор и размена меѓу луѓето, во согласност со законите и процедурите на секоја земја.
Во соопштението за медиумите се наведува дека Бахамите и Косово очекуваат да изградат топло и продуктивно партнерство кое ќе им служи на интересите на двата народа и ќе придонесе за меѓународниот мир и соработка.
Независноста на Косово оваа година ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
Вкупниот број земји што ја признале независноста на Косово е предмет на дебата, со оглед на тоа што косовски извори наведуваат дека тоа го направила 121 земја, додека српските претставници тврдат дека бројот е значително помал, под сто.
