Исланд планира на сите странски туристи да им понуди бесплатно тестирање за ковид-19 во текот на јуни.
Исландската влада неодамна објави дека патниците од 15 јуни по влегувањето во земјата ќе треба да изберат дали да направат тест за коронавирус или да одат во 14-дневен карантин.
Властите објавија дека тестот ќе биде бесплатен во наредните две недели, по што ќе се наплаќа 113 долари. Децата нема да мора да бидат тестирани.
Земјата најави дека нема прифаќа тестови за ковид-19 направени надвор од нејзините граници.