Министерството за внатрешни работи досега констатирало вкупно 2 536 прекршоци за неносење на лична заштита на лицето, а од нив 620 се во последното деноноќие, информира министерот Наќе Чулев.
„На територијата на целата држава на вкупно 1 331 лице им се издадени решенија за изолација, а 365 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 8 лица кои не ги почитувале овие мерки. Во државен карантин се спроведени вкупно 235 лица“,
покажува статистиката на МВР која ја објави Чулев.
Во последните 24 часа во координација до Државниот пазарен инспекторат направени се 268 контроли во објекти. Досега вкупната бројка на вакви контроли изнесува 1 166 од кои во 7 објекти е констатирано дека не се почитувале одлуките на Владата за заштита.
