Според информациите од Комисијата, картелското здружување на авто-школите претставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата

По извршени контроли во над 40 авто-школи Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) констатирала дека има индиции за усогласено однесување при формирање на цените за обука на кандидати за возачи.
„При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи“,
се вели во соопштението од Комисијата.
Според информациите од Комисијата, картелското здружување на авто-школите претставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата.
Од Комисијата велат дека ќе продолжат со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти. Оттаму велат дека доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот.
Од Комисијата велат дека увидот во работата на авто-школите е дел од тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата.
