Од Обвинителството велат дека поради сомненија оти станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител наредил обдукција и идентификација на починатото лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар синоќа извршил увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде што било пронајдено тело закопано во дупка на засега неидентификувано починато лице.
Од Обвинителството велат дека поради сомненија оти станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител наредил обдукција и идентификација на починатото лице. Во тек е и прибирањето траги од самото место.
Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни дејствија, по што биле одредени и мерки против две лица.
Од Обвинителството велат дека за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел обезбедување докази. Уште едно лице е задржано и за него се вршат дополнителни проверки.
По наредба на јавниот обвинител, се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.
