Од УХМР најавуваат дека и во следните денови се очекува сончево и релативно топло време со дневна температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, се најавува во прогнозата од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во утринските часови на некои места ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Во текот на денот ќе дува и слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од минус два до три Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 12 до 14 степени.
И во Скопје денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од еден степен наутро до 14 степени во текот на денот.
Сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност се најавува и за утре. Во утринските часови на некои места ќе има зголемена облачност, која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наутро температурата ќе биде од минус три до три степени, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Од УХМР најавуваат дека и во следните денови се очекува сончево и релативно топло време со дневна температура до 15 степени.
