Според последните податоци од Министерството, досега се доделени вкупно 42 606 ваучери, од кои веќе се искористени 27 426

Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека студентите имаат уште 10 дена за да аплицираат за ваучери за набавка на електронски уреди. Крајниот рок за аплицирање е 20 декември 2025 година.
Според последните податоци од Министерството, досега се доделени вкупно 42 606 ваучери, од кои веќе се искористени 27 426.
Проектот се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука. Целта на проектот е да се обезбедат вкупно 55 000 ваучери за електронски уреди наменети за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година.
Од Министерството потсетуваат дека рокот за аплицирање истекува на 20.12.2025 година, а искористувањето на веќе добиените ваучери ќе биде со рок до 31 декември 2025 година.
