Сообраќајната незгода се случила вчера кога патничко возило „гели“ со скопски регистарски таблички, управувано од С. А. (46) од Струмица, излетало надвор од патот
Струмичанец е тешко повреден откако со автомобилот што го управувал излетал од патот кај кавадаречкото село Марена, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Сообраќајната незгода, како што пишува во соопштението од полицијата, се случила вчера во 10:50 часот на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, во близина на селото Марена.
„Патничко возило ‘гели’ со скопски регистарски таблички, управувано од С. А. (46) од Струмица, излетало надвор од патот во близина на кавадаречко Марена“,
се вели во билтенот на МВР.
Возачот е пренесен во Општата болница Кавадарци, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршија екипи на Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци.
