Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека, а појава на поситни одрони е можна на одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури
На граничните премини „Дојран“ и „Табановце“ за излез од земјава утрово се чека од половина час до 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека.
Појава на поситни одрони е можна на одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури.
Поради тоа, од претпријатието апелираат на внимателно возење и почитување на сообраќајните правила, особено на патиштата со намалена видливост.
